Јапонија и НАТО мора да останат „единствени и решија“ кон Кина, Северна Кореја и Русија кои ги гледаат како закана за безбедноста во светот, изјави во вторникот во Токио генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Столтенберг, кој говореше во присуство на јапонскиот премиер Фумио Кишида, предупреди дека Пекинг внимателно го следи текот на руската инвазија во Украина и „извлекува поуки кои би можеле да влијаат врз неговите идните одлуки“.
„Она што денеска се случува во Европа може да се случи утре во источна Азија“, оцени Столтенберг повторувајќи го со тоа мислењето коешто минатата година го изнесе Кишида.
„Затоа мораме да останеме единствени и решителни, за заедно да ги браниме слободата и демократијата“, додаде Столтенберг изразувајќи заедно со Кишида „загриженост“ од сѐ поцврстата воена соработка меѓу Русија и Кина.
„Кина не е наш непријател“, истакна Столтенберг осудувајќи ја нејзината сѐ поголема присутност во областите на Азија и Пацификот, нејзиното „вознемирување“ на соседните земји, „заканите“ за Тајван и „дезинформациските кампањи“ за Украина и за НАТО.
Генералниот секретар на НАТО во вторникот допатува во Јапонија во рамките на азиската турнеја чија цел е да се зацврстат врските на Алијанската со нејзините и американски главни сојузници во регионот меѓу кои е и Јужна Кореја.
Во понеделникот во Сеул, Столтенберг ја повика Јужна Кореја „да ја зголеми“ воената помош за Украина, предлагајќи ѝ, како и претходно Германија, да ја измени својата децениска политика да не испраќа оружје на земји коишто војуваат.
Во вторникот, пак, Столтенберг изрази задоволство поради „заземањето цврст став и значителната помош“ од Јапонија за Украина.
Јапонија воведе санкции против Русија, од кои е изземено сибирско наоѓалиште на нафта и гас во кое јапонска компанија има удели, заедно со другите земји од Г7 и на Украина ѝ испорача одбранбена воена опрема. Тоа е ретка иницијатива на Токио, а следи откако изминатите години под иницијатива на Вашингтон почна да го менува јапонскиот Устав кој по Втората светска војна беше изразено пацифички и забрануваше офанзивни воени формации и такво оружје, испраќање војници надвор од државната територија и испораки на оружје.
Солтенбер и Кишида, исто така, изразија и заедничка загриженост поради „провокативното однесување“ на Северна Кореја којашто минатата 2022 година истрела рекорден број балистички проектили со различни дострели и предупреди дена нејзиниот статус на нуклеарна сила е „неповратен“.
Кипшида, кој ланскиот мај учествуваше на мадридскиот самит на НАТО, што беше првпат во историјата тоа да го направа јапонски челник, најави во вторникот во Токио дека ќе ги зајакне врските со Алијансата, како и дека со таа цел ќе создаде Независна претставничка канцеларија во Брисел, и додаде дека размислува за можноста од редовно учество на самитите на „политичко-воениот сојуз“.
Јапонија кој крајот на 2022 година драстично ја измени својата доктрина за национална безбедност и одбрана, предвидувајќи речиси двојно зголемување на издвојувањата за одбраната во периодот до 2027 година за тие да изнесуваат 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, според моделот на земјите членки на НАТО.