Јапонија најави историски пресврт – планира масовна мобилизација

Јапонија во петокот ја најави историската промена во својата безбедносна политика воведена по крајот на Втората светска војна, со планови за масовна мобилизација и удвојување на воениот буџет со изговор за „сѐ поголемите амбиции“ на Кина и на Северна Кореја во регионот.

Ревидираната безбедносна стратегија, објавена во документот на владата на премиерот Фумио Кишида, отклонување од пацифичката безбедносна доктрина по Втората светска војна којашто на Јапонија ѝ ја наметнаа САД. Во согласност со повоената воена доктрина на Токио, која беше модифицирана пред неколку години со уставни измени, Јапонија немаше целосна армија туку Копнени сили за самоодбрана (JGSDF)

Одбранбениот буџет во следните пет години ќе биде зголемен за речиси двојно, на 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што ќе го направи третиот најголем во светот, по воените буџети на САД и на Кина.

Јапонија сегашното безбедносно опкружување го смета „најсериозното и најкомплицираното“ од Втората светска војна,. Според Токио, кинеското воено присуство во регионот претставува „најголем стратешки предизвик“ на сите времиња, се наведува во документот, што е речиси идентично со зборовите наведени и во стратегијата на сојузничките САД.

Јапонија стравува дека Кина еден ден би можела да гои нападне Тајван, кој го смета за своја одметната островска покраина и не ја исклучува можноста за нејзино враќање кон матицата и со употреба на сила.

Официјално Токио изразува загриженоста и поради присуството на кинеските бродови во близина на малиот архипелаг Сенкаку (или на кинески ли Дијаојиуда) во Источното Кинеско Море. Јапонската влада пред повеќе години го презема управувањето со овој приватен посед, но на него полагаат право и Кина и Тајван.

„Премиерот Кишида, давајќи јасна, недвосмислена стратешка изјава за улогата на Јапонија како грант во Индо-Пацификот започна нова ера во одбраната на демократијата“, напиша на социјалните мрежи во петокот американскиот амбасадор во Токио, Рем Емануел.

Сепак, јапонската влада порача дека сака да се придржува до политиката „исклучително насочена на самоодбраната“, истакнувајќи дека не сака да стане воена сила.