Јапонија напаѓаше Костарика славеше (ВИДЕО)

Костарика може да биде пресреќна што славеше против Јапонија со 1-0 и освои три бода со кои остана во игра за осминафинале на Светското првенство (СП) во Катар.

По првото полувреме за кое може да се каже дека фудбалерите на двете екипи одиграа мизерен фудбал без многу шанси и возбудувања, Јапонија притисна во вторите 45 минути за да стигне до посакуваната победа и чекор кон осминафиналето, но нивните напади беа неуспешни, а сите три удари во рамките на голот ги одбрани Кејлор Навас.

Вистински шок за „самураите“ се случи во 81. минута Кејшер Фулер го испрати првиот удар кон голот на Јапонија и ја затресе мрежата за победа од 1-0 на Костарика.

Шпанија, Јапонија и Костарика имаат по три бода во групата Е, додека Германија е без бодови, но вечерва игра против „црвената фурија“ во второто коло.