
Јапонија во четвртокот започна да ја испушта, како што тврди, прочистената радиоактивна вода од тешко оштетената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Окена, потег кој Кина повторно го критикуваше нарекувајќи го „себичен и неодговорен“.
Испуштањето на водата, што пред две години го одобри јапонската влада, а агенцијата за атомска енергија при Обединетите нации го одобри, иако некои од вклучените стручњаци предупредуваа, е клучен чекор во долгата и тешка постапка за разградување на нуклеарната централа Фукушима Даичи која тешко настрада во катастрофалниот земјотрес и гигантското цунами од 11-ти март 2011 година.
Компанијата оператор со нуклеарката „Tokyo Electric Power“ (Tepco), изјави дека испуштњето започнало во 13,03 часот по локално време, како и дека не открила никави неправилноста на пумпите или соодветените постројки.
Меѓутоа, регионалната суперсила Кина изрази жестоко противење против испуштањето на водата, придржувајќи се на стравувањата дека контаминираните води од кои е невозможно целосно да се отстрани опасното соединение тритиум. Токио, пак, тврди дека неговото ниво во отпадните води е сведено на пропишаниот минимум.
Портпаролот на кинеската служба за нуклеарна безбедност во четвртокот ја нарече јапонската влада „крано себична и неодгорна при наслното започнување на испуштањето… со што сопствените себични интереси ги става над благосостојбата на целото човештво“.
Досега тие води се складирани во огромни резервоари во нуклеарната централа Даичи во Фукушима со трошоци од речиси милијарда американски долари годишно.
Кина, исто така, порача дека ќе ги преземе неопходните мерки за да ја заштити морската природна околина, безбедноста на храната и јавното здравје, како и дека ќе ја зголеми контролата над нивото на радијацијата во своите територијални води по испуштањето. Покрај тоа, кинескиот регулатор го забрани увозот на сите морски продукти од Јапонија и воопшто на храна од десет јапонски префектури.
Пекинг во јули го забрани увозот на храна од десет јапонски префекури, вклучително и од префектурата Фукушима, и воведе испитувања на радиоактивноста на производите од остатокот на Јапонија.
Јапонија, од своја страна, ја критикуваше Кина поради ширење на „научно неосновани тврдења“. Токио смета дека испуштањето на водите е безбедно, исстикнувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA), исто така, заклучила дека ефектот кој ќе го има врз луѓето и природната средина е „занемарлив“.
МААЕ во јули даде одобрување, потпирајќи се на процената на штетноста којашто ја дале 11 стручњаци, меѓу кои од Јужна Кореја, САД и Кина чиј претставник уште тогаш изрази сомничавост во целосната безбедноста на третираната радиоактивна вода.
Постапка долга со децении
Испуштањето на радиоактивните води ги вознемири и другите земји во регионот на Пацификот, па и подалеку во Тихиот Океан, а премиерот на Куковиот архипелаг, Мар Браун, изјави дека иако науката дала податок во прилог на одлуката на Јапонија, регионот не може да се согласи во врска со ова „комплексно“ прашање.
Јапонските здуженија и синдикати во рибарската индустрија, чијшто углед е нарушен поради стравот од радијација по уништувањето на нуклеарката Фукушима, долго се протиа на намерите на јапонската влада. Стравуваат дека сегашниот потег ќе доведе до натамошен пад на продажнта, вкчиќително и до ограничувања на извозот на поголемите пазари.
Така, на пример, Макао и Хонгконг, донеодамнешните европски колонии во Кина кои минаа во полуавтономен статус под кинески интегритет, од чевртокот воведуваат забрана за јапонските морски продукти од префектурите Токио и Фукушима.
Водата првично ќе биде испуштано во помало количество, со најавени дополнителни проверки. Првото испуштање на водата со волумен од 7.800 кубни метри, што одговара на зафатнина на три олимписки базани, ќе се одвива во текот на следните 17 денови.
Според резултатите коишто Tepco ги објавви во четвртокот, водата содржи околу 63 бекерели тритиум на литар, што е под границата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за водата за миење оја изнесува 10.000 бекерели по литар. Бекерелот е мерна единица за радиоактивност.
Контаминираната вода е третирана со ALPS методата низ систем за филтрација која наводно отстранила поголем дел од радиоактивниот материјал. Меѓутоа, не постои практичен начин да се отстрани тритиумот, радиокативниот изотоп на водородот. Радијацијата на тритиумот, кој има време на полураспаѓање од 12,3 години, може да биде опасна по здравјето, но Јапонија тврди дека во испуштената вода од Фукушима радиоактивните дози ќе бидат помали од 40-от дел од меѓународните безбедносни стандарди, што е една седмина од количеството коешто Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го постави како стандард за водата за пиење.
Операторот со нуклеарката Фукушима, компанијата TEPCO, планира испуштањето на водата во океанот во обем од 1,3 милиони кубни тони да се протегне до почетокот на 2050 година, бидејќи најголемото количество кое може да го испуштаат на ден е 500.000 литри вода, со разредување за степенот на радиоактивност на водата со тритиумот да се намали значително под националните норми за оваа категорија.
Протести во Токио и Сеул
Активистички граѓански здруженија започнаа со протести во Јапонија и во Јужна Кореја, иако јужнокорејската влада соопшти дека според нејзината процена нема проблеми со научните и техничките аспекти на испуштањето.
Пред испуштањето неколку десетици демонстранти се собраа пред седиштето на „Tepco“ во Токио, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Не ја фрлајте контаминираната вода во морето!“.