Јапонија со ограда го прекри погледот на планината Фуџи

(Photo by Kazuhiro NOGI / AFP)

Јапонскиот град Фуџикавагучико постави голема мрежна бариера на популарното место за поглед на планината Фуџи во вторникот во обид да го одврати зголемениот број туристи од фотографирање.

Најпознатата глетка во Јапонија може да се види со километри наоколу, но на локалното население во Фуџикавагучико им е преку глава од приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, навлегуваат во приватен имот и ги кршат сообраќајните правила во потрага по подобро место за правење фотографија којашто ќе ја споделат потоа на социјалните мрежи.

Паркирајќи незаконски и игнорирајќи ја забраната за пушење, туристите се натискуват на тротоарот за да ја фотографираат планината покриена со снег којашто фотогенично се издигнува конн небото зад продавницата, велат жителите.

Работниците почнаа да ја поставуваат црната мрежа од 2,5 на 20 метри во вторникот, а до доцна утрото тие веќе завршија, изјави репортер на AFP од местото на настанот.

„Се надевам дека мрежата ќе ги спречи овие опасни акции на туристите“, изјави за AFP локалниот жител 41-годишниот Мичи Мотомочи, кој води традиционална јапонска продавница за слатки.

„Мислам дека е разочарувачки што ја поставуваат. Тоа, сепак, е исконкса глетка. Бевме овде синоќа, успеавме да ја направивме последната снимка пред да го изградат ѕидот, а имаше толку многу луѓе“, изјавила 36-годишната туристка ид Нов Зеланд, Кристина Ројс.

„Но, таа одлука е сосема разбирлива. Тоа е доста опасно поради сообраќајот што минува покрај. Има и други места од каде што можете да ја фотографирате планината”, објаснува туристката.