Јапонија советува симнување на маската секогаш кога е можно, поради горештините

Јапонските здравствени власти ги предупредија сонародниците дека и покрај епидемијата на коронавирусот, да ги симнуваат маските за уста и нос секогаш кога тое е можно, поради високите температури и големата влага во воздухот.

Јапонската државна телевизија NHK известува за рекордни температури од 30 до 35 Целзиусови степени, во различни делови на замјата во вторникот.

Поради тоа, властите ги предупредија граѓаните да го избегнуваат напорното вежбање, како и да консумираат поголеми количества течности за да избегнат деходрација на организамот и проблеми со циркулацијата.

Летата во Јапонија последните години се сѐ потопли, а тоа ги загрижува и организаторите на Олимписките игри коишто поради пандемијата на коронавирусот се одложени од годинава и преместени за јули 2021 година, најтоплиот период во оваа азиска земја.