Јапонија за првпат има повеќе од 86 илјади стогодишници

Бројот на лица постари од 100 години во Јапонија, првпат надмина 86 илјади.

Министерството за здравство, труд и просперитет на таа земја, објави извештај околу статистика врзана за староста на популацијата.

Во извештајот се наведува дека 51 година по ред, расте бројот на стогодишниците. Во моментов во Јапонија живеат рекордни 86.510 лица постари од 100 години, што е за 6.060 лица повеќе од минатата година.

Меѓу стогодишници во Јапонија се 76.450 жени и 10.060 мажи.

Најстара жителка на Јапонија е 118-годишната Танака Кане од Фукуока, која е најстара личност на светот според Гинисовата книга на рекорди.

Најстар Јапонец е 111 годишниот Уеда Микизо од Нара.