Младите Јапонци премногу се трезни, смета тамошната даночна управа којашто со нов конкурс сака да го прошири консумирањето алкохоли во оваа популација, пренесува BBC.
Младите полнолетни Јапонци пијат помалку од своите родители, а последиците од тоа се одразуваат и на собраните средства од алкохолните пијалаци, како што е на пример традиционалниот домашен алкохол сакето.
Националната даночна управа поради тоа започна конкурс за идеи како да се сврти овој тренд. Целта на кампањата „ Sake Viva!“ е да го направи консумирањето алкохол попривлечно и со та да им се помогне на производителите на таквите пијалаци.
Јапонците на возраст меѓу 20 и 39 година, исто така, може да ги пријават своите деловни идеи за да ја зголемат побарувачката на пијалаци меѓу своите врсници за саке, шочу, виски, пиво или вино, пренесува BBC.
Јапонските медиуми пишуваат дека реакциите на овој конкурс се помешани. Критичарите се противат на промовирањето на нездравата навика, но и многумина на интернет веќе ги поставиле своите идеи.