Руската агенција за внатрешно разузнавање Федералната служба за безбедност (ФСБ) го привела со докази го рацете јапонскиот конзул во Владивосток на рускиот Далечен исток, Мотоки Тацунори.
„Како резултат на оперативно-истражните активности, јапонски дипломат е приведен фатен на дело додека добивал за парична награда информации со ограничена дистрибуција за тековните аспекти на соработката на Русија со една од земјите во азиско-пацифичкиот региони, влијанието на политиките на западните санкции врз економската ситуација во Приморскиот регион“, се наведува во објавата којашто ја цитира агенцијата РИА.
Во видеото објавено на мрежната страница на ФСБ, јапонскиот дипломат се изјаснил за виновен за кршење на руските закони, пренесува агенцијата.
Претходно во понеделникот руското Министерство за надворешни работи објави дека официјална Москва ѝ изразила протест на Јапонија дека службеник на Генералниот конзулат во Владивосток е прогласен за персона нон-грата, кој треба да ја напушти руската територија во рок од два дена.
„На 26-ти септември во Министерството за надворешни работи беше повикан советникот на амбасадорот во јапонската амбасада во Москва, кој беше информиран дека за активности кои се не неспоиви со статусот конзуларен службеник и се штетни за безбедносните интереси на Русија, конзулот на Генералниот конзулат во Владивосток е прогласен за персона нон-грата…“, објави руската дипломатија.