Јапонскиот милијардер и плејбој Јусаку Маезава на својот профил на Twitter објави конкурс за девојки кои би сакале да полетаат со него на Месечината и да му станат животен сопатник.
Маезава ова го нарекува проект „за поврзување за сериозна врска еден на еден“ и појаснува дека негов долгогодишен сон бил патување во Вселената.
„Да се оди на ова посебно место со посебна личност. Преку овој проект за поврзвување еден на еден Маезава сака да најде животна сопатничка. Најавен е собир на девојки кои би сакале заедно со Маезава да спроведат активности во полза на луѓето и општеството, а нивните постапки би биле исполенти со љубопитство и мајчинска енергија“, се наведува на веб-страницата на конкурсот.
Кандидатките не смее да бидат мажени, да бидат постари од 20 години, позитивно настроени и весели. Покрај тоа, тие треба да се подготвени сериозно да им пристапат на подготовките за летот. Треба и да сакаат да уживаат во животот, да умеат да го искажат своето мислење пред Маезава и да сакаат мир во целиот свет. Конкурсот трае до 17-ти јануари.
Во 2018 година Маезава објави дека може на вселенското патување на Месечината да ја земе својата тогашна партнерка Горики Ајаме, познат јапонски модел и актерка. На почетокот од декември во интервју за едена јапонска телевизија, милијардерот објави дека ја прекинал врската. Главната причина за тоа било тоа што 27-годишната Горики не можела или не сакала целосно да учествува на подготовките за летот, туку повеќе сакала да работи како актерка. 44-годишниот милијардер објасни дека своевремено сакал да се ожени со неа, но поради разликите во ставот за патувањето на Месечината, нивните патишта се раздвоиле.
Маезава е многу познат во Јапонија не само како успешен претприемач, неговото богатство се проценува на 3 милијарди долари, и како страствен колекционер, туку и како плејбој кого особено го привлекуваат младите актерки. Јапонските медиуми пишуваат дека ниедна од неговите врски не траела подолго од две години, оти Маезава никогаш не стапил во брак но има три деца од различни жени. Во споменатото интервју за јапонската телевизија тој призна дека не се оженил не затоа што не сакал, туку затоа што „во тоа не гледа смисла“.
Во септември 2018 година беше објавено дека Маезава ќе учествува во проектот SpaceX на американскиот претприемач Илон Маск, кој планира лет на Месечината во 2023 година. Летот треба да биде изведен со новата ракета и како што се најавува најмоќниот транспортен вселенски комплекс на светот BFR (Big Falcon Rocket), чие градење веќе започна. Според првиничните процени на сопственикот на SpaceX, создавањето на комплексот BFR ќе чини 5 милијарди долари. Маезава изјави дека и тој вложил во овој проект, но сумата не е објавена. Од својат страна Маск претходно изјави дека средствата кои ги вложил Маезава ќе помогнат во развојот на транспортниот комплекс.
На заедничката прес-конференција со Маск на 18-ти септември 2018 година, Маезава објави дека ќе поведе со себе шест до осум претставници на разни видови уметност: филмски режисер, актер, музичар, ликовен уметник, фотограф и моден дизајнер.
[WANTED!!!]
Why not be the ‘first woman’ to travel to the moon?#MZ_looking_for_love https://t.co/R5VEMXwggl pic.twitter.com/mK6fIJDeiv— Yusaku Maezawa (MZ) 前澤友作 (@yousuck2020) January 12, 2020