
Тајна група советници на челникот на кинеската националистичка партија Куомитанг, Чанг Кај-шек, меѓу кои и поранешни офицери јапонската царска армија, во 1960-те години осмислиле контраофанзивна стратегија против континентална Кина со „цел да уништи лажната комунистичка влада“, пишува јапонскиот дневен весник Sankei Shimbun.
Документот со стратегија од 1965 година во чиешто разработување учествувал поранешниот потполковник на Имеријалистичката армија на Јапонија, Каоичи Итога, бил најден кај роднина на офицерот кој во моментов живее во Франција, се наведува во прилогот.
Итога во текот на Втората светска војна и јапонската окупација на Кина бил офицер во Манџурија и Сингапур, а по војната се вратил во Јапонија. Но веќе во 1951 година заминал за Тајван, каде што станал воено советник на Чанг Кај-шек.
Разработената стратегија се состоела од три дела, и секој содржел детален опис на распоредување на воздушните, поморските и копнените сили, како и за потребното количество на муниција и резерви со храна.
Контраофанзивната операција била развиена да трае месец и половина, и претпоставувала ненадејно инвазија на тајванските војници во кинеската провинција Фуџијан, по што би требало да има настапување на териториите на сегашните провинции Џиангсу и Анхуи.
Тајван, како и голем дел од континентална Кина, јапонска колонија до крајот на Втората светска војна, во 1949 година беше населен со кинеските националисти на Чанг Кај-шек поразени од комунистите на Мао Це-тунг. Слабата кинеска војска тогаш не успеала да интервенира на островот кој набрзо добил заштита од САД.
Тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј, од една страна, и со САД и нивните сојузници, во прв ред Јапонија која исто така вели дека воено ќе го брани Тајван, редовно се подигнуваат поради зачестените летови на кинеските борбени авиони во воздушниот простор над островот, како и од минувањето на западните воени бродови низ Тајванскиот теснец, близу кинескиот брег.