Јапонскиот БДП намален во третото тримесечје

Јапонскиот бруто домашен производ (БДП) е намелен во третото тримесечје, одразувајќи го подзастанувањето на извозот и вложувањата во станбените недвижности, покажуваат податоците на владата во Токио објавени во средата.

Економските активности се намалени во периодот од јули до септември за 0,5 отсто во однос на претходните три месеца кога пораснале за 1,1 отсто, според ревидираните владини податоци.

Ануализираната стапка којашто покажува колку БДП-то би порснал односно паднал доколку во секое тримесечје наназад една година пораснал или паднал по истата стапка како во последните три месеца, изнесувало во третиот квартал минус 2,1 отсто. Во пролетното тримесечки ануализираната стпака покажуваше раст на активностите за 4,5 отсто, според ревидираниот податок.

Падот на економската активност е проследен со намалување на приватната побарувачка, заедно со остар пад на инвестициите во станбени недвижности. Во периодот од април до јуни се зголемени за дури 1,8 отсто во однос на претходните три месеца.

Капиталните расходи се намалени за 0,6 отсто, нешто поблаго во однос на претходните три месеци. Извозот нагло забави, со стапка на раст од само 0,5 отсто. Во претходните три месеци тој порасна за 3,9 отсто.