Јапонскиот премиер Суга прв странски гостин на Бајден во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот му беше домаќни на јапонскиот премиер Јошихида Суга како прв странски челник со кој во живо се среќава во Белата куќа, истакнувајќи ја притора клучната улога на Токио во американските обид да се спротистават на Кина.

Бајден беше домаќин на Суга на еднодневниот состанок на кој американскиот претседател доби можност да работи на предизборното ветување дека ќе работи на обновувањето на американските сојузништва за кои тврди дека ослабеле во мандатот на неговиот претходник Доналд Трамп.

Главната тема на средбата која ќе трае до подоцна во саботата по средноевропско време ќе биде Кина , а се очекува дека двете страни ќе работат на диверзификциските синџири за снабдување за да се намали зависноста на регионот од Кина. Јапонија вети две милијарди долари за соработка со САД за да се осмислат алтернативи на новата генерација мобилни мрежи 5G, за кои водечка е кинеската компанија „Huawei“, изјавил за Reuters неименуван висок американски функционер.

Бајден и Суга на состанокот на врвот ќе дискутираат и за прашањата за човековите права во Кина, односно положбата на муслиманското малцинство Ујгури, ситуацијата околу Хонгконг, додал соговорникот на агенцијата.

Се очекува дека првиот состанок во живо на Бајден со некој странски челник откако влезе во Белата куќа, ќе резултира со официјална изјава за Тајван, островската држава којашто Кина ја смета за своја одметната покраина, којашто САД не ја признаваат поради притисокот на Пекинг но воено ја поддржуваат, а која се жали дека е под сѐ поголем кинески воен притисок.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека Бајден и Суга ќе се осврнат на „сѐ поагресивните активности на Пекинг кон Тајван“.

Тоа би била првата заедничка американско-јапонска изјава за Тајван од 1969 година. Меѓутоа, се очекува дека таа нема да биде потполно по желбите на Вашингтон, бидејќи Суга ја наследува политијата на Токио која се обидува да создаде рамнотежа меѓу безбедносната загриженоста и економските врски меѓу Јапонија и Кина.

Јапонскиот премиер претходно во петокот се сретна со американската потпретседателот на Камала Харис, а по разговорите во Овалната соба со Бајден, двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција.