Јапонските производители на автомобили „Toyota Motor“ и „Mazda“ ги прекинаа испораките на некои модели во понеделникот поради фалсификувани информации во безбедносните сертификати, се вели во известувањето од Министерството за транспорт во Токио.
Компаниите доставиле неточни или „прилагодени“ податоци за безбедносните тестови, објави јапонското Министерство за транспорт.
Неправилности биле откриени и во извештаите од „Hondа“, „Suzuki“ и „Yamaha Motor“, соопшти Министерството, додавајќи дека на „Toyota Motor“, „Mazda“ и „Yamaha Motor“ им е наредено да ги прекинат испораките на некои возила и дека планираат проверка во седиштето на „Toyota“ во префектурата Аичи.
Компанијата пријави дека ги прекршила прописите во шест процедури за тестирање во 2014, 2015 и 2020 година. Спорните тестови ги доведоа во прашање сертификатите за моелите „Corolla Fielder“, „Corolla Axio“ и „Yaris Cross“ и згаснатата четири верзии на „Tomodel“, вклучително и една која е продадавана под луксузната марка „Lexus“.
Од „Toyota“ признаваат дека, на пример, измериле штета од судир само на едната страна од капакот на моторот, додавајќи дека сè уште ги проверуваат податоците за потрошувачката на гориво и издувните гасови, напоменувајќи дека извештајот треба да го комплетираат до крајот на јуни.
Нагласуваат и дека не се констатирани проблеми со перформансите кои ги прекршуваат прописите и дека сопствениците можат да продолжат да ги користат своите возила без проблеми.
„Како шеф на Toyota Group, би сакал искрено да им се извинам на нашите клиенти, љубители на автомобили и на сите чиј интерес е оштетен“, рече на прес-конференција внукот на основачот на јапонскиот автомобилски гигант и негов поранешен извршен директор Акио Тојода.
Според него, автомобилите не поминале низ правилна процедура за сертификација пред да бидат продадени. Затоа „Toyota“ привремено ги прекина испораките и продажбата на три модела произведени во Јапонија, додаде Тојода.
Минатиот четврток, „Mazda“ ги прекина испораките на спортскиот автомобил „Roadster RF“ и патничкиот автомобил „Mazda2“, откако откри дека резултатите од тестирањето на софтверот за контрола на моторот биле приспособени, се вели во соопштението. Откриле и дека при тестирањето на моделите „Atenza“ и „Axel“, воздушните перничиња се активирале со тајмер наместо со вграден сензор.
Од друга страна, „Honda“ објави дека утврдила неправилности при тестирање на бучавата и моќноста во период од повеќе од осум години, завршно во октомври 2017 година, на дваесетина модели кои повеќе не се произведуваат.
Од истите причини „Yamaha“ објави дека ја прекинала испораката на еден модел на спортски мотоцикл.