Апостолски: Сведочењето на Нинџа нема никаква тежина и никаква вредност

Последниот сведок на Рускоска го демантираше Нинџа – тој никогаш не работел за УБК.

Денес заврши со сведочење и последниот сведок од случајот 27-ми април. Драгче Стојчевски кој е вработен во поранешното УБК пред судот рече дека на 27-ми април бил В.Д директор на единицата за набљудување и имал за цел да следи странски државјани кои биле во Собранието. Тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски кој е обвинет во предметот негираше дека имал наредба за следење на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Јовче Ременски. Сведочеше дека и го познавал Александар Василевски Нинџа бидејќи во периодот од 2010 до 2012 бил следен од УБК.

На следното рочиште ќе се презентираат материјалите.

Притоа Антонио Апостолски, адвокат денес во вестите на телевизија Телма посочи дека сведочењето на Нинџа нема никаква тежина и никаква вредност.

„Сведочењето на Нинџа нема никаква тежина и никаква вредност. Денешниот сведок според сведочењето на Нинџа би требало да бил негов шеф. Но денешниот сведок кажа дека никогаш ниту бил вработен Нинџа во ДБК, ниту бил соработник во ДБК“, истакна Апостолски.

Апостолски додаде дека целото тврдење на Александар Василевски Нинџа падна во вода.