Apple е првата компанија чија капитализација надмина 3.000 милијарди евра

Американскиот технолошки гигант „Apple“ ноќта кон вторникот по средноеврпско време стана прватра компанија во историјата којашто ја достигна пазарната капитализација од 3.000 милијарди евра.

Акциите на компанијата накусо во понеделникот вечерта пораснаа за околу 3 отсто, на 182,88 долари за акција, што Apple првпат го поттурна над границата од 3.000 милијарди долари.

Тоа значи дека пазарната капитализација на „Apple“ за помалку од една година ипoл пораснала за уште 1.000 милијарда долари. Компанијата во август 2018 година беше првата компанија во историјата, чијашто вредност достигна 1.000 милијарди долари.

Само во 2021 година цената на акцијага на „Apple“ порасна за речиси 34 отсто. Тоа акцијата на највредната компанија на светот ја смети на осмото место на индексот со најдобро остварување Dow Jones.

На крајот од 2021 година пазарната вредност на „Apple“ изнесуваше 2,91 милијарди долари, со што за многу го надмина конкурентскиот „Microsoft“ и повторно дојде на првото место на листата.

Кусата анализа на среднорочните и долгороните резултати на акциите на „Apple“, кои котираат на берзата од 1980 година, покажуваат долготраен успех на компанијата, оценуваат експертите. Така акциониерите кои имаат удел во компанијата пет или повеќе години ја зголемиле вредноста на своите вложувања за шест пати.

Од почетокот на 2002 година цената на акциите на „Apple“ пораснала за околу 43.000 отсто, што значи дека влог од 1.000 долари пред 20 години сега на сопственикот му донел капитал од 430.000 долари. Акциите уште поизразено добиле на вреднсота по излистувањето во берзанската котизација, па така кој вложил 1.000 долари заработил повеќе од 1,8 милиони долари.

Основана во 1976 година, компанијата „Apple“ е препознатлива во производите како паметните телефони iPhone, таблетите iPad, компјутерите iMac, лаптопите MacBook, музичките плеери iPod и друга високотехнолошка опрема.