Апсења на осомничени приврзаници на Исламската држава во Германија

Седум осомничени приврзаници на џихадистичката сунитска организација Исламска држава се уапсени во неколку германски сојузни покраини, соопшти во средата утрото Бирото на сојузниот јавен обвинител, пренесе агенцијата DPA.

Истрагата се однесува на финансирањето на Исламската држава, го потврдиле обвинителите претходните информации на локалниот берлински дневен весник BZ и на таблоидот Bild.

Четири лица се уапсени во покраината Северна Рајна Вестфалија, а по едно во Баден-Витемберг, Рајнска област-Фалц и Бремен. Обвинителството ги обвинува уапсените мажи и жени, кои се главно германски државјани, за поддржување терористичка организација.

Покрај тоа, рации биле спроведени во средата наутро во покраините Берлин, Баварија, Бремен, Баден-Виртемберг, Хамбург, Хесен, Рајнска област-Пфалц, Тирингија, Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија, изјави обвинителот со седиште во југозападниот град Карлсруе.