Апсења во Белгија поради корупција во Европскиот парламент

Четири лица, вклучително и поранешен европратеник, се уапсени во петокот во Брисел во рамките на истрага за корупција којашто се однесува на една земја во Персискиот залив, објави федералното државно обвинителство на Белгија.

Обвинителството не наведува за која земја станува збор, но според белгискиот дневен весник Le Soir, станува збор за Катар чиишто функционери наводно се обиделе да поткупат поранешен пратеник на италијанските социјалисти кои заседавал во Европскиот парламент од 2004 до 2019 година.

Истрагата опфатила активности од „корупција“ и „перење пари“ на организирана криминална група, соопшти истрагата.

Со месеци белгиските истражни судии „сомничат една држава од Персискиот залив дека влијае на економските и политичките одлуки на Европскиот парламент уплатувајќи парични суми или будејќи големи подароци на трети лица коишто со својата политичка и/или стратешка позиција имаат голема важност“ во споменатата институцијата на Европската унија.

Белгиското федерално државно обвинителство, кое е задолжено за истраги на криминални активности во доменот на тероризмот и организираниот криминал, не го открива идентитетот на приведените лица.

Во петокот рано утрото во рамките на истрагата којашто ја наредил судија од Брисел, биле извршени рации и претреси на 16 ликации во разни општини на белгиската престолнина, каде што е седиштето на Европскиот парламент.

Покрај четворицата уапсени во рамките на истрагата белгиската полиција запленила „околу 600.000 евра во готовина“, како и „информатички материјали и мобилни телефони“ чијашто содржина ќе биде анализирана следниот период.

Операцијата била насочена на помошници на европратеници коишто работат во Европскиот парламент. Меѓу уапсените е и поранешен европратеник, наведува белгиското обвинителство.