Апсења во Ирска поради местење фудбалски натпревари

Поради сомневања за местење резултати на фудбалски натпревари, ирската полиција уапсила десет лица, а кај осомничените во Даблин, Корк и Лимерик извела и домашни претреси.

Истрагата била започната уште во 2019 година, кога полицијата била предупредена за неправилности од националниот ирски фудбалски сојуз и од УЕФА. Под лупа биле ставени натпревари од Првата ирска лига, а иследниците сослушувале некои фудбалски и клупски функционери.

Особено биле воочливо дека во некои делови од земјата голем дел од навивачите се обложувале против своите екипи. Од тоа полицијата заклучила дека однапред знаеле каков ќе биде резултатот.

Полицијата предупредила дека со местење на резултатите во споретот може да се уфрли организираниот криминал, кој може да оствари илегална донивка или преку спортските настани да пере пари стекнати од други кривични дела.