Немало апсења во скопските села Сарај, Грчец и Студеничани

Немало голема полициска акција за приведувања во Сарај, Студеничани и Грчец, туку станува збор за редовни активности на полицијата, одговорија од Министерството за внатрешни работи на прашање на НетПрес.

Дополнителни појаснувања не беа дадени.

Претходно во четвртокот утрото телевизијата Алсат јавува дека полицијата вчера спровела голема полициска акција во Сарај, како и во селата Грчец и Студеничани.

Како што пренесе Алсат, во акциите учествуваат припадници на редовната полиција и единиците за брзо распоредување.