![11614231](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/11614231.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во хрватката престолнина Загреб во тек e нова голема операција на USKOK и полицијата, во која досега се уапсени пет лица, а меѓу нив има и некои имиња познати на јавноста, известуваат во средата локалните медиуми.
Според хрватските медиуми, приведен и генералниот директор на јавниот сервис на HRT, Казимир Бачиќ. Сѐ уште трае претресот на неговата куќа, се додава во медиумските извештаи.
Апсењата се поврзани со сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација во Загреб, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година.