СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против С.С. на 33 години од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 18-ти март на експресниот пат Штип – Радовиш, полициски службеници кај пријавениот пронашле кокаин.
Во петокот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, Отсек за општ криминал , го лишиле од слобода 32-годишниот Р.М од Битола.
Тој бил баран со потерница од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело по чл 215 од Кривичниот законик.
Р.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување казната.