Шест лица по налог на Обвинителството за организиран криминал се уапсени заради сомнеж дека се здружиле во криминална група заради фалсификување лични документи, но и десетици ПЦР тестови.
– По налог на Обвинителството после неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Одделението за сузбивање организиран и финансиски криминал СБПОК МУП на Република Србија од слобода се лишени шест лица заради извршување кривични дела, односно фалсификување исправи, соопштиле од Обвинителството.
Како што наведуваат постојат сомнежи дека оваа организирана група на територијата на Србија работела во периодот од јануари 2020 и дека лажирала јавни исправи, изработувала фалсификувани лични документи, како и десетици лажни резултати од ПЦР тестови на Ковид-19.
Осомничените за изработка на документи наплатувале од 100 до 800 евра.