Апсење во Центар по потерница

Денеска (04.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(45) од нас.Илинден – Скопје.

-Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.