Во синоќешната емисија на ТВ Алфа „Заспиј ако можеш“ гостуваше универзитетската професорка Грдана Силјановска Давкова која кажа дека во мерките на владата препознава кршење на човеквите права.
Имено, професорката Силјановска – Давкова истакна дека и покрај воведувањето на вонредна состојба која значи полесно виреење на авториратизмот поради специфичнста на амбиентот и поради постењето на можноста за дискреционо постапување, сепак не смее да се заборави на владеењето на правото на поделбата на власта, слободите и правата на граѓанинот.
Таа додаде дека посебно таканаречените апсолутни права не можат да бидат ограничени и суспендиирани ниту во вонредна ниту во воена состојба, како правото на живот, правото на мисла, правто на слободно изразување, забрана на примена на тортура, верското изразување, правото на совест, дискриминација по никаков основ.
Дополително, Силјановска истакна дека треба да има и правна заснованост на сите мерки што се предлагаат и на сите санкции.
Силјановска -Давкова рече дека пронаоѓа кршење на човековите права во мерката сликање на граѓаните по улици заради неносење на маски и ракавици и дека таа мерка е спротивна на сите мислења на Венецијалнската комисија и исто така во ограничувањето на времето на движење над 65 години кое е спротвно на начелото на недискриминација во било која состојба.