Суд во Јужаноафриканската Република (ЈАР) ѝ го забрани во вторникот на британско-холандската нафтена компанија „Shell“ користењето на сеизмичките бранови во истражувањето наоѓалишта на нафта и гас во Индискиот Океан, прифаќајќи ги предупредувањата на еколошките активисти за закана по живиот свет во подморјето.
Пресудувајќи во полза на активистите, Високиот суд во градот Маканди на компанијата ѝ забрани сеизмичко истражување во Индискиот Океан, 20 километри од брегот на ЈАР, на длабочина од 700 до 3.000 метри. На почетокот од декември понизок суд ја отфрли нивната тужба.
Нафтениот гигант планираше во почетната фаза сеизмички истражувања на 6.000 квадратни километри океанска површина во близина на јужноафриканскиот регион Западен Брег, во кој се наоѓаат бројни морски и природни резервати.
Планот на „Shell“ вклучува користење сеизмичку ударни бранови кои се одбиваат од морското дно, назначувањејќи ги потенцијалните лежишта од енергетските сировини. Истражувањата требаше да започнат на 1-ви декември и да траат пет месеци.
Активистите појаснија дека планот на „Shell“ вклучува „исклучително гласни ударни бранови на секои 10 секунди, 24 часа дневно во текот на пет месеци“.
Од „Shell“, пак, тврдат дека се преземени опсежни мерки за да се спречи или да се намали влијанието на истражувањето врз дивите животни, ветувајќи дека во работата строго ќе ги следат насоките од Заедничката комисија за зачувување на природата, советникот на владата на Обединетото Кралство за заштита на околината. Компанијата во вторникот потсети на потенцијалнат полза која ЈАР би ја имала доколку откријат наоѓалишта на нафта и гас.
„Јужна Африка се потпира на увоз на енергијата во задоволувањето на големите енергетски потреби. Доколу во морето бидат пронајдени одржливи ресурси, тоа би можело значително да ги подобри енергетската сигурност на земјата и владините програми за економски развој“, изјави портпаролот на „Shell“.
Јужноафриканскот министерство за енергија го поддржа нивниот план, порачувајќи им на неговите противници дека ги блокираат вложувањата во развојот на земјата.
Од друга страна, петицијата за сопирање на проектот собра речиси 85.000 потписи.
„Ова е голема победа. Но борбата не е завршена, судот само го забрани истражувањето. Кажано ние е дека постапката продолжува“, додаде Катрин Робинсон од невладината организација Natural Justice.
Од „Shell’, пак, известија дека ги прекинале истражувањата.
„Ја почитуваме одлуката на судот и ги прекинавме истражувањата додека не ја проучиме пресудата“, потврди портпаролот на компанијата.