Вкупниот број случаи на зараза со новиот коронавирус во неделата во Јужноафриканската Република мина милион, само неколку дена откако е откриен нов сој на вирусот SARS-CoV-2, соопшти тамошното министерство за здравство.
Прагот од милион коронаинфекции ЈАР го мина за само девет дена откако бројката заразени беше под 900.000. Претходно на почетокот од декември, во најмногу погодената африканска земја во пандемијата на коронавирусот бројот на заразените беше 800.000, а потоа за само две седмици стаса до 900.000 зарази.
Неколку болници и медицински центри во Јужноафриканската Република во неделата известија дека нивните оддели се преполни со пациенти, а здравствените работници ги откажуваат годишните одмори за дополнително да се мобилизира персоналот и да се здравството да може да се справи со огромниот прилив на пациентите.
Една од трите најдобробри мрежи на приватни болници во ЈАР „Mediclinic International Plc“, во неделата извести дека порастот на коронаинфекциите го оптоварил здравствените ресурси: персоналот, опремата и капацитетите за пациентите со тешки форми на Covid-19.
„Бројот на пациентите кои бараат помош во нашите болници ги надмина бројките забележани во пикот на првиот бран, па нашите оддели за интензивно лекување и одделите за засилена нега работат со полни капацитети“, известија од споменатата приватна болничка франшиза, повикувајќи се на податоците од провинцијата Вестерн Кејп.
Јужноафриканска мутација на коронавирусот
Новиот сој на коронавирусот, под ознаката 501.V2, го откри тим научниците кој генетиката на вирусот SARS-CoV-2 ја следела ширум Јужноафриканската Република. Научниците тврдат дека новата варијација на вирусот е поизразена на југот и југоистокот на земјата, и оти доминира во примероците земени во октомври.
Откако е откриен новиот сој на коронавирусот, многи земји во светот ги откажаа воздушните линии со Јужноафриканската Република, што претставува дополнителен удар за и онака погодените тамошни сектори на туризмот и сообраќајот.
Советот за справување со коронавирусот, највисокот владино тело за одговор на епидемијата, на состанокот во неделата одлучил да воведе дополнителни ограничувања и построги правила во јавното движење, пренесува локалниот ресурс News24.
„Денеска минавме милион случаи на Covid-19 во Јужна Африка, со вкупно пријавено 1.004.413 сличаи“, соопшто јужноафриканското министерство во неделата попладнето по локално време.
Вкупно во земјата од последици од компликации предизвикани од заразата со коронавирусот починале 26.735 луѓе.
Најголем дневен раст на бројот нови случаи на заразата бил на 25-ти декември кога биле потврдени 14.796 случаи, со што е надминат рекордот од јули, кога бројот на новозаразените во еден ден првпат достигна 14.000 слуичаи.