ЈАР побара од судот на ОН итно да го испита нападот на Рафах од страна на Израел во тековниот случај за геноцид

Владата на Јужноафриканската Република објави дека во вторникот поднела „итно барање“ до Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) на Обединетите нации да разгледа дали израелските воени операции насочени кон градот Рафах во јужниот дел на Газа се прекршување на привремените наредби што судот ги донесе минатиот месец во случајот поведен по тужбавата за геноцид во палестинската енклава.

ЈАР соопшти дека побарала од судот да процени дали израелските напади врз Рафах и неговата намера да започне копнена офанзива врз градот каде што 1,4 милиони Палестинци побарале засолниште во градот кој пред војната имаше до 300.000 жители ја прекршува и Конвенцијата на ОН за геноцид и прелиминарните наредби издадени од судот минатиот месец, во случајот во кој се обвинува Израел за геноцид.

Рафах е на самата граница со Египет, кој предупреди дека офанзивата на градот во кој сега има повеќе од половина од вкупното 2,4 милионско население во Појасот Газа ќе предизвика катастрофа.

Владата на ЈАР во соопштение наведе дека Рафах е „последното засолниште за преживеаните луѓе во Газа“. Бара од највисокиот суд на ОН да размисли за користење на своите овластувања за издавање дополнителни прелиминарни наредби со кои ќе му се наложи на Израел да ги запре смртоносните борбени операции и уништувањето во градот.

Јужноафриканската Република прехтодно покрена случај со обвинение дека Израел врши геноцид врз палестинскиот народ во својата војна како што тврди против милитантната група Хамас во Газа и поднесе случај до светскиот суд во декември. Носењето на одлуката во врска со наводите за геноцид може да потрае со години. Всушност, вистинската интенција на ЈАР беше барањето судот да нареди прекин на огнот од страна на Израел, но судиите минаа преку тоа.

Во својот нов поденсок, владата на ЈАР рече дека е „сериозно загрижена што невидената воена офанзива против Рафах, како што беше објавена од државата Израел, веќе доведе до и ќе резултира со натамошни убиства, штети и уништувања од големи размери“. Се наведува и дека ЈАР бара итно да се реши ова прашање „со оглед на високит бројки загинати во Газа на дневно ниво“.

Во вторникот доцна вечерта, судот во Хаг потврди во објава на X, дека го добил новиот поднесок од ЈАР, меѓутоа не даде дополнителни поединости и појаснувања. Доколку судот одлучи да одржи уште едно рочиште за барањето за дополнителни привремени мерки, најверојатно тогаш ќе донесе одлука во рок од неколку седмици, забележува агенцијата Associated Press.

Израел негира дека извршил геноцид во Газа и вели дека прави сѐ за да ги поштеди цивилите и дека е насочена само кон милитантите на Хамас. Се вели дека тактиката на Хамас за вградување во цивилни области го отежнува избегнувањето на цивилни жртви.

Но, во ударите Израел предизвикаа целосно уништување во Газа, при што загинаа повеќе од 28.000 луѓе, над 70 отсто од нив жени и малолетници, според локалните здравствени власти во енклавата контролирана од Хамас но и податоци кои ги потврдуваат меѓународните и организициите на ОН. Околу 80 отсто од населението е раселено, а ОН велат дека хуманитарната катастрофа турна повеќе од четвртина од Палестинците во Газа во гладување.

Израел соопшти дека убил илјадници милитанти во својата цел да го уништи Хамас како одмазда за нападите на 7-ми октомври врз јужен Израел, кога беа убиени околу 1.200 луѓе, од кои околу 900 цивили на различни возрасти, а 250 беа земени како заложници.

ЈАР го обвини Израел дека ја игнорирал прелиминарната одлука на судот во деновите по нејзиното издавање, продолжувајќи да убива цивили. „Израел верува дека има дозвола да прави како што сака“, изјави јужноафриканската министерка за надворешни работи Наледи Пандор.

Правните напори на ЈАР се вкоренети во прашањата централни за нејзиниот идентитет: нејзината владејачка партија Африканскиот национален конгрес, долго време ги споредуваше политиките на Израел во Појасот Газа и Западниот брег со историјатот на ЈАР под режимот на апартхејдот на владеењето на белото малцинство, кое целосно го угнетуваше црното домородно населени. Апартхејдот, со чиј режим Израел тесно соработуваше особено во вооружувато па според некои американски и израелски медиуми дури и во развивање на атомска бомба, заврши во 1994 година.

Воените операции на Израел во Газа минатата седмица беа опишани како „претерани“ од страна на американскиот претседател Џо Бајден, што беше најострата критика од најблизскиот израелски сојузник. Белата куќа соопшти дека Бајден, исто така, го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел не треба да спроведува воена операција против Хамас во Рафах без „кредибилен и изведлив“ план за заштита на цивилите.