Властите на Јужноафриканската Република се спротиставија на продажбата на клучот од затворската ќелија на поранешниот претседател Нелсон Мандела на островот Робен, каде што заточен поради опозициски активизам, поставен на наддавање на аукциската куќа Guernsey’s во Њујорк, изјави министерот за спорт, уметност и култура Нати Мтетва.
Според веб-страницата на Guernsey’s, на аукцијата којашто ќе започне на 28-ми јануари, ќе бидат поставени неколку експонати, предмети поврзани со Мандела: клучот од затворската ќелија, неговата кошула, очила за сонце, пишувано од него на островот, велосипед и тениски рекет кој борецот против режимот на апртхејдот во ЈАР ги користел во текот на неговото заточение.
„Нашата главна цел е да ја запреме аукцијата и да го вратиме клучот во Јужна Африка“, изјави министерот за телевизијата NCA.
Мтетва додаде дека аукциската куќа не се консултирала со ниедна јужноафриканска институција во врска со продажбата на предметите поврзани со Мандела. Според него, и покрај тоа што сега се утврдува автентичноста на клучот, „никој нема право да поседува предмет со толкава важност од аспект на клутурата и наследството“.
Нелсон Мандела мина вкупно 27 години в затвор, од кои повеќето во самицата на остовот Робен. Во тој период Мандела стана светски славен, а во Јужна Африка и ширум светот се разви движење за негово ослободува.
Во 1994 година во ЈАР беа одржани првите национални избори со учество на африканското мнозинство, кога Нелсон Мандела стана првиот црн претседател на земјата. Во 1999 година, УНЕСКО го став островот на Робен на листата на светско наследство.