Вчеравечер (4 февруари) во 21 часот и 40 минути во СВР Тетово, Д.Н.(36) од скопско Арачиново пријавил дека два часа пред тоа во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово, каде престојувал со уште неколку други лица, по претходна расправија, физички бил нападнат од 46-годишниот тетовец К.О..
Напаѓачот, според пријавата, употребил и метален предмет.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.