Француските експерти, кои ги испитуваат причините за смртта на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат, ја исклучуваат тезата дека тој бил отруен, пренесува „АФП“, повикувајќи се на близок извор до истрагата.
„Извештајот на експертите ја отфрла тезата за труењето и тежнее кон хипотезата за природна смрт“, изјавил изворот.
Порано анализите на швајцарски и руски специјалисти покажаа присуство на абнормални количества полониум-210 во посмртните останки на Арафат, што ја подкрепи тезата за труењето на палистинскиот лидер.
Неговото тело беше ексхумирано минатата година поради обвинувањата дека Израел стои зад неговата смрт.