Арамија направил штета од 50.000 евра откако успеал да украде делови од трансформатор.
Викендов непознат сторител го оштетил Х.А. од село Отушиште за 50.000 евра откако провалил во неговата фирма, соопшти полицијата.
Арамија се качил на платформа и одзел делови од трансформатор во кругот на фирмата „Архи-Агрите“ во село Пршовце, сопственост на Х.А.
Со деловите вредни околу 50.000 евра армијата избегал во непознат правец.
Полицијата работи на расчистување на кражбата.