Арамија побогат за лап топ и златен накит вредни 220.000 денари

Крадец од куќа на скопјанец успеал да украде лап топ компјутер и разновиден златен накит во вкупна вредност од 220.000 денари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во куќата на 58-годишниот Д.А.А., која се наоѓа на улицата Хелсинки, арамијата преку незаклучената врата влегол од каде што украл лап топ компјутер и разновиден накит.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.