26-годишниот фудбалер од средниот ред кај “фармацевтите” ќе премине од Интернасионал, каде на 55 мечеви постигна 11 погодоци. Арангуиз долг период беше поврзуван и со Лестер, но самиот играч се одлучи за Бундеслигата и Баер Леверкузен.
Претседателот ми кажа за понудата на Лестер, за тоа како е добра за клубот, но и за мене. Сепак Баер е поголем и позначаен клуб, а меѓу двете понуди се решив токму за нив. Имам 26 години и сум во фаза во која сакам предизвици. Сакам да направам чекор напред, изјави Чилеанецот.