
Иако веќе подолг период се говори за нетрпеливоста помеѓу Арбелоа и Касиљас, синоќа оваа приказна доби и видео потврда.
Пред почетокот на натпреварот помеѓу Реал и Атлетико, Арбелоа помина во тунелот и се поздрави со сите, посакувајќи им среќа, но го одмина Касиљас кој беше прв во стројот.
Дали и колку ќе влијае овој конфликт на останатите играчи во тимот, останува да видиме во сезоната која ќе започне викендов.