– Алијансата за Албанците (АА) денеска во Центарот за култура во Тетово ќе одржи вонреден Конгрес, на кој треба да биде избран нов претседател на партијата, функција за која единстцвен кандидат е досегашниот потпретседател и вршител на должноста партиски претседател. Арбен Таравари.
Како што информираат од Алијансата за Албанците, третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми и работниот дел, што ќе биде затворен и само за делегати.
На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател на АА, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка на функцијата партиски лидер.
Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.