
Актуелниот градоначаник Арбен Таравари и Невзат Бејта, претходниот градоначалник ќе бидат главните конкуренти за позицијата во Гостивар на локалните избори. Во разговор за МИА, Таравари потврди дека ќе биде кандидат, но тоа треба да го потврдат раководствата на двете политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива кои делуваат во коалиција.
На прашањето дали во неговата матична партија каде е генерален секретар се прават калкулации со обзнанување на кандидатот како дел од предизборната тактика, Таравари одговори дека нема тактика.
– Нема тактика и отворено кажувам дека Арбен е кандидат, но мора да ги почитуваме партиските процедури при кандидирање, а имаме и обврски за усогласување со коалицискиот партнер. Очекувам викендов од ДУИ да го објават нивниот кандидат, а според информациите што ги добивам, тоа ќе биде поранешниот градоначалник на Гостивар – рече Таравари за МИА.