Ахмет Булут, агентот на турскиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Арда Туран, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека неговиот клиент во новата сезона ќе го носи дресот на каталонскиот гигант Барселона.
Шпанските медиуми постојано ја форсираат приказната дека Барселона ќе ја исплати ослободителната клаузула во договор на одличниот играч за врска, вредна околу 24 мил. евра.
„Јас не сум дал никаква изјава, се што е напишано е ставено со сила во мојата уста. Станува збор за уште една новинарска шпекулација. Не е точно дека сум остварил некаков контакт со челниците на Барселона. Арда е фудбалер на Атлетико (М) и многу е среќен на “Винсенте Калдерон”, изјави Булут.