Украинскиот претседател не го промени својот став во врска со тоа дека меѓународните граници кои постоеја во времето на распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и натаму мора да се почитуваат, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.
„Неговата главна позиција не е променета. Никогаш нема да се откажеме од нашите национални интереси“, рече Арестовиќ.
Москва го анектираше полуостровот Крим кон Руската Федерација во 2014 година, но Обединетите нации сè уште го сметаат регионот за дел од Украина. Русија исто така ги призна декларациите за независност на двете самопрогласени републики во источна Украина.