Разбираме зошто СДС се премногу вознемирени и исплашени за реформите во судството, затоа што тие први ќе се соочат со одговорност за се што правеле, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.
„Филипче очигледно се води по матрицата на Заев која кога дојде на власт го зема правосудството под свое па мисли дека така функционираат сите. Еве да му кажеме ако не знаел, ВМРО-ДПМНЕ не планира да го земе правосудството под свое. Туку да го земе од криминалните канџи на СДС и ДУИ и да го врати правосудството во рацете на судиите и обвинителите“, истакна Јаревски.