Јаревски: Резултатот од министерувањето на Филипче, хациенда на Водно, луксузно Ауди Q8 и ограбена државна каса

Резултат од министерувањето на Филипче е хациендата на Водно, луксузно Ауди Q8 и ограбената државна каса, изјави на денешната прес конференција претеникот Тони Јаревски.

„Во еден мандат како министер Филипче успеа енормно да го зголеми својот имот. Додека тој беше министер таткото на неговата сопруга изгради хациенда на Водно, а откако му заврши мандатот тој почна да вози луксузно Ауди Q8, кое патем сеуште го нема впишано во анкетниот лист“, потенцира Јаревски.

Праша од каде пари за хациендата која, според него, чини милион евра и со кои пари е купено луксузниот автомобил? „

„Дали можеби Филипче ќе ни каже евтини изговори дека хациендата е на таткото на неговата сопруга, а Аудито му е дадено за возење? Дали овој имот на Филипче некако се доведува во врска со милионските тендери и милионите испумпани во негово време?

Во време на Филипче немаше милионски тендер кој не беше обвиткан во скандали. Венко Филипче точно знае во се што бил вмешан, затоа и отиде за претседател на СДС, за да може да се крие зад политичката позиција и да се вади на политички притисок кога ќе биде гонет. Филипче нема да побегнеш, ниту пак функцијата во СДС ќе те спаси“, изјави Тони Јаревски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ.