Аргентина ја победи Венецуела, Меси ги шокира фановите најавувајќи пензија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина немаше некои посериозни проблеми и ја совлада Венецуела со убедливи 3:0.

Стрелец на еден од погодоците беше и Лионел Меси кој по крајот на натпреварот кој се одигра на „Ла Бомбоњера“ најави дека сериозно ќе размисли за повлекување од националниот табор по крајот на Светското првенство во Катар.

– Првично размислувам за тоа што ни доаѓа сега, а тоа е натпреварот против Еквадор. По Светското првенство ќе мора да преиспитам многу работи.

– Вистина е. Луѓето многу ме сакаат и секој ден покажуваат се повеќе почит кон мене, јас сум многу задоволен. Секогаш кога ќе дојдам во Аргентина ми покажуваат колку ме сакаат.

– Сега ни останува само натпреварот со Еквадор, во моментов размислувам само на тоа, па ќе мислам на Светското првенство, а потоа ќе мора сериозно да преиспитам многу работи, -изјави Меси.