Аргентина побара од НАТО да стане еден од „глобалните партнери“ на безбедносната алијанса, рече во четвртокот министерот за одбрана Луис Петри додека неговата земја бара начини да ги зајакне врските со Соединетите држави и Европската унија..
Откако ексцентричниот сатиричар и екстремно десничарски популист Хавиер Милеи поведи на претседателските избори кон крајот на минатата 2023 година, Аргентина остро ја сврти својата надворешна политика и го повлече свеото барање за членство во групацијата на најјбрзорастечките економии БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република).
Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони „F-16“ од Данска, договор поддржан од Вашингтон. Не е познато дали во оваа бројка се авионите кои претходно Копенхаген ѝ ги вети на Украина.
Министерот Петри се сретнал со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.
Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби. Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.