Аргентинската влада на левиот центар го одобри пакетот итни мерки кои треба земјата да ја извлечат од најголемате економска криза во последните 18 месеци.
Аргентина е во рецесија која пред година и половина предизвика колапс на националната валута пезос. Економската криза трае веќе 18 месеци а ја разгоре падот на вредноста на пезосот.
Се очекува дека годинава националната економија ќе падне на 3,1 отсто. Инфлацијата изнесува околу 55 отсто, а невработеноста се приближува до 10,5 отсто. Стапката на сиромаштијата е малку над 40 отсто. Во 2001 година таа изнесуваше 57 отсто, потсетува новиот претседател Алберто Фернандез, кој ја презема должноста на 10-ти декември.
Фернандез вети дека ќе ја постави земјата на нозе, најавувајќи пакет кризни мерки. Конгресот го одобри предлогот минатиот петокот, а Сенатот во саботата. Итните мерки се објавени во понеделникот попладнето по локално време во службениот весник на владата во Буенос Аирес.
Планот на Фернадез вклучува зголемување на даноците за купување девизи, извоз на земјоделски производи и продажбата на автомобили. Владата, исто така, планира да ги зголеми даноците за високата и средната класа. Законот предвидува и дополнителни извршни намети во областа на финансиите, даноците, управата, пензиите, царините, енергијата, здравството и социјалнта политика.
Целта на владата е да се „води сметка за потребите на најзагрозените сектори и … да го поттикне растот“, рече министерот за социјална политика Алехандро Ваноли. Владата, покрај тоа, вети дека ќе се „бори против гладот“ и најави бонус во изност од 10.000 пезоси, односно 160 американски долари, за пензионееир, како и замрзнување ан цените на комуналните услуги за следните шест месеци.
„Ситуацијата е тешка. Земјата беше присилена да го рестректуира долгот, во услови на големи фискален и финансиски дефицит, рецесија и инфлација. Државата ги насочува своите напори во помош на социјално најзагрозените“, порача Ваноли.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ одобри на Аргентина минатата година кредит од рекордни 57 милијарди долари. Поранешниот претседател Маурисио Макри преговараше со ММФ за реструктуирање на долгот. Аргентина должи вкпуно 335 милијарди долари, што е малку повеќе од 90 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП).
ММФ досефа на Аргентина ѝ исплатил 44 милијарди од кредитот, а новиот претседател Фернандез изјави дека нема да ги прифати другите рати. Новинарите во понеделникот ги извести дека делегацијата на ММФ доаѓа во Буенос Аирес „следните денови“.