Аргентина и без првиот голман во Русија

Откако Аргентина во понеделникот го објави списокот на фудбалери кои ќе настапуваат на СП во Русија, а на кој го нема најдобриот стрелац во италијанското првенство и капитен на „Интер“, Мауро Икарди, денеска стигна нов шок за „гаучосите“.

Аргентинската репрезентација нема да може да смета ниту на својот прв голман, Серхио Ромеро, голманот на „Манчестер Јунајтед“, кој сериозно го повредил коленото на последниот тренинг.
Ромеро ќе мора да оди на оперција на коленото, а ќе го замени еден од двете резерви- Вили Кабалеро(36) од „Челзи“ или Франко Армани од „Ривер Плата“.

Селекторот Хорхе Сампаоли ќе повика уште еден голман во наредниве денови.
Ромеро за Аргентина одигра 94 натпревари, бранеше и во голеото финале со германија на СП во Бразил пред 4 години.