Аргентина ја елиминира амбициозната Белгија

Со погодокот на Гонзало Игуан, прв на Мундијалот во Бразил, репрезентацијата на Аргентина забележа минимална победа во 1/4 финалната пресметка против селекцијата на Белгија, а за противник во следната, полуфинална, ќе ја има одлижната селекција на Холандија.

Дуелот помеѓу “гаучосите” од една страна и популарните “лалиња” од другата страна ќе биде одигран на 9 јули во Сао Пауло со почеток во 22:00.

Победата на Аргентина ќе беше уште поубедлива, но најголемата ѕвезда во “сино-белиот” дрес, Лионел промаши колосална шанса во самиот финиш од натпреварот.

“Мислам дека ова е најдобриот натпревар кој го одигравме во Бразил. Задоволен сум и од играта и од конечниот резултат. Многу сум среќен, среќен сум поради пласманот во следната рунда, поради големиот успех на моите фудбалери. Среќен сум поради мојата фамилија која секогаш е покрај мене и поради сите тие кои ми дадоа безрезервна подршка. Точно дека сме и малку тажни поради повредата на Ди Мариа. Можно е скапо да ја платиме оваа повреда, но да почекаме уште малки, да ги почекаме првите резултати од репрезентативниот доктор, изјави селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела.