Аргентина ја предизвикува германската машина

Најмалску посакуваниот пенал-рулет, се покажа како кобен за Холандија, а како среќен за репрезентацијата на Аргентина која по пауза од 24 години обезбеди пласман во финалниот натпревар каде за противник ќе го има националниот тим на Германија. Вториот полуфинален дуел на јубилејното 20. Светско првенство заврши без погодоци во регуларните 90 минути, а двете мрежи мируваа и во двете продолженија од по 15 минути.

Вистинско шоу во пенал-рулетот имаше аргентинскиот голам Ромеро кој во првата серија го одбрани ударот на централниот дефанзивец Рон Влар, а во четврата излезе како победник во дуелот против искусниот играч за врска, Весли Снајдер.За Аргентина, ударите од белата точка во погодок ги претворија Лионел Меси, Езекел Гарај, Серхио Агуеро и Макси Родригез.

Селекторот на Холандија, Луи ван Гал веќе ги имаше направено сите три измени и не беше во можност да му даде нова шанса на резервниот голман Тим Крул кој се покажа како добитна комбинација во пенал-рулетот протв репрезентацијата на Костарика.

„Да можев повторно ќе го заменев Килесен, ќе му дадов нова шанса на Крул, но веќе ги направив сите три измени. Инди беше заменет поради добиениот жолт картон во првото полувреме и каснеше во секој дуел со Меси. Не сакав да ризикувам со Ннајџел де Јонг, само што се опорави од една незгодна повреда. Робин ван Перси беше максимално исцрпен, мора и него да го заменам. Се на се, Холандија одигра фантатсично на овој фудбалски турнир. Ретки беа тие кои веруваа дека Холандија ќе ја помине групната фаза, но потоа го елиминиравме Мексико и незгодната репрезентација на Костарика. Аргентина е светска велесила, а среќата е најважниот фактор кога се во прашање ударите од белата точка. Ова е најлошото можно сценарио, мислам дека бевме подобриот тим во овој натпревар”, изјави предводникот на “лалињата”, Луи ван Гал.