Аргентина разработува план за прием на три илјади бегалци од земјите од Блискиот Исток, изјави вчера за весникот „Насион“ аргентинскиот премиер Маркос Пења по средбата со американскиот советник на претседателот за прашања за национална безбедност, Сузан Рајс.
– Ја потврдивме намерата на Аргентина да прими околу три илјади бегалци, кои се принудени да ги напуштат своите домови поради кризата на Блискиот Исток, при што со тоа ќе помогнеме за решавање на тој меѓународен проблем, рече Пења.
Министерствата за надворешни работи на двете земји што е можно поскоро ќе ги прецизираат техничките детали за приемот на бегалците од Блискиот Исток.