Аргентина осудена 30 години по нападот на еврејската заедница

Три децении по бомбашкиот напад во центарот на еврејската заедница во Буенос Аирес во кој загинаа стотици луѓе загиаа и беа повредени, меѓународниот суд во петокот ја осуди аргентинската држава за нејзините постапки пред и по нападот.

Меѓуамериканскиот суд за човекови права пресуди дека властите не презеле мерки за да го спречат нападот или да започнат целосна истрага за откривање и судење на сторителите. Судот со седиште во Сан Хозе, во Костарика, ѝ нареди на Аргентина конечно да ги изведе виновниците пред лицето на правдата. Судскиот спор пред носењето на пресудата се одолговлекуваше 25 години, а пред две години аргентинската влада ја призна својата одговорност, a судот во Сан Хозе ја донесе одлуката токму кга на претседателската должност во Аргентина е Хавиер Милеи, кој има еврејско потекло.

На 18 јули 1994 година, вкупно 85 луѓе загинаа во експлозија во центарот на заедницата АMIA во главниот град на Аргентина, а уште 300 беа повредени. Либанската шиитска милиција Хезболах го извршила нападот по налог на иранската влада, како што неодамна утврдил аргентинскиот суд.

За време на мандатот на поранешната претседателка Кристина Киршнер од 2007 до 2015 година, аргентинската влада се договори со Техеран да ја довери истрагата на меѓународна комисија за вистината.

Сојузен судија ја обвини Киршнер во 2017 година за предавство и побара нејзин апсење. Во октомври истата година ја повика на распит и поранешната претседателка ги отфрли неговите обвинувања. Судијата смета дека спогодбата којашто таа ја склучила во 2012 година со Иран им овозможила на иранските осомничени да му избегаат на аргентинското правосудство.

Спогодбата предвидувала иранските високи функционери, осомничени дека го организирале нападот врз еврејската заедница во Буенос Аирес, да ги испитаат аргентински судии во Техеран, бидејќи тоа не можеле да го сторат во аргентинската престолнина. Аргентина попусто го бараше нивното екстрадирање. Аргентинскиот парламент ја потвди спогодбата, но Иран на крајот ги почитувал нејзините одредби.

Аргентинскиот државен обвинител Алберто Нисман кој беше пронајден мртов летото 2015 година според досегашните сознанија откако се самоубил со пиштол во својот стан во главниот град Буенос Аирес неколку часа пред сенатската комисија да го изложи предметот во кој се товарареше тогашна претседателка Кристина Фернандез де Киршнер поради забошотување на истрагата против ирански функционери за терористички чин за нападот од 1994 година врз Еврејското здружение AMIA во кој загинаа 85 луѓе, имал подготвен налог за апсење на претседателката, објави тогаш истражителката задолжена за овој случај.