Аргентинската репрезентација славеше во второто коло од јужноамериканските квалификации за Светското фудбалско првенство во 2022-та во Катар на гостувањето кај Боливија со 2:1 (1:1).
На Аргентиците ова им е прва победа над боливиската селекција по дури 15, години а Ла Паз кој е на надморска височина од 3.500 метри досега секогаш беше непремостлива пречка за „Гаучосите“, бидејќи таму по правило губеа, дури и со 1:6 пред неколку години.
Поради тоа, аргентинскиот селектор Лионел Скалони се реши репезентативците во Боливија да ги донесе дури три дена пред натпреварот, за да можат да се адаптираат на големата надморска височина, а тоа резултираше со победа.
Сепак, не одеше сѐ лесно за Аргентина, Боливијците поведоа преку напаѓачот на бразилски Крузеиро, Морено Мартинс во 24 минута, а израмни во 45 минута Лаутаро Мартинез од милански Интер, откако домашниот бек несреќно го погоди со топката која потоа се одби во мрежата. Жоакин Кореа, од римски Лацио, ѝ ја донесе победата на Аргентинан во 79 минута, со одмерен удар од десетина метри откосо.
Со овој резултат Аргентина континенталните квалификации ги започна со две победи, а Боливија со два пораза.